Заев e вo пaниka, мнoзинcтвoтo e кpeвкo, миpoт кoj миcли дeкa гo кyпил e пpивидeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев е во паника. Не сите пратеници што гласаа за Владата пак ќе го сторат истото повторно.

Гласањето беше само начин како да се стегне обрачот околу слабото, кревко владејачко мнозинство. Зоран Заев е исплашен и игра по нотите на ВМРО-ДПМНЕ. Мораше сам на себе да се докажува, и со притисоци и уцени да ги стегне пратениците.

И додека глуми стабилен, државата ја задолжи за 850 милиони евра со камати.

И неродените деца се должни заради Заев. Долгот расте, а Македонија стагнира.

Владее сиромаштија. Македонија е меѓу ретките земји што се уште нема вакцини. Нема вакцини, ама има матни тендери.

Неспособната власт на чело со Заев не може да спроведе кредибилен и статистички попис. Неспособни се да направат реформи во образованието. Ја бутнаа земјата во рецесија. Македонија е во политичка криза. Македонија поради Заев стана држава со која што сите се потсмеваат.

Нема правда има криминал. Нема правда затоа што во државата владее мафијата. Криминалци владеат со државата. Со Заев и СДСМ Македонија стана една од најкорумпираните држави во светот. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This