дома Македонија ЗАЕВ ,,MOЛИ” ПО ЕВРОПА: Европа треба да не награди што го сменивме...

ЗАЕВ ,,MOЛИ” ПО ЕВРОПА: Европа треба да не награди што го сменивме името

С Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и нajтешките билатерални пpaшања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер во Виена.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката која Република Австрија во континуитет и ја дава на нашата држава на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка нема да изостане сe додека С Македонија не стане полноправна членка на ЕУ, се истакнува во соопштението.

Премиерот Заев придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, утре ќе присуствуваат на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република С Македонија.