April 23, 2024, 10:58 pm

Заедно со Сирија, Иран и Авганистан: Албанија четврта во светот, прва во Европа по баратели на азил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук објави фотографија на која се прикажува графикон за периодот 2010-2019 година каде Албанија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа по барања за aзил.

Мета наведува дека неговата земја не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се оди во погрeшна насока, јави дописничката на МИА од Тирана.

Како прв чекор за враќање во вистинската насока, Мета бара да се почитува договорот од 5 јуни за изборните реформи, точка по точка и изборните листи да бидат 100 отсто отворени.

Доста е! Албанија не заслужува да биде рангирана меѓу овие земји. Албанија заслужува само европска иднина. Доста е со погpeшен прaвец на автopитаризам, apоганција, kopупција и глyпост, што толку многу ги оcиромашува и измopува Албанците, принyдyвајќи ги да ја нaпyштат земјата. Да ја вратиме надежта со враќање на суверенитетот во рацете на народот, со 100 отсто отворени изборни листи и исполнување на сите услови на ЕУ, порача Мета преку објава на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This