дома Македонија ЗАЕВ: Возот Cеверна Македонија може да се клацка, но сме на прав...

ЗАЕВ: Возот Cеверна Македонија може да се клацка, но сме на прав пат

Премиерот Зоран Заев на денешната партиска трибина во Штип порача дека С Македонија е на правиот пат.

-Конечно имаме држава, имаме имотен лист. Веќе никој не не негира, сите не признаваат. Затоа дефинитвно имаме право да бидеме горди. Конечно да добиеме почеток на преговорите со ЕУ. Денеска сме единствена земја на Балканот без ниедно отворено прашање. Возот Македонија е на шините, може да има клацлање, но возот е на правиот пат и одиме напред, рече Заев.