дома Македонија ЗАКАНИ ДО АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ОД СЈО: Никола Додевски, адвокатот на Груевски...

ЗАКАНИ ДО АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ОД СЈО: Никола Додевски, адвокатот на Груевски се откажал од ангажманот поради закани од власта?

Досегашниот претседател на адвокатската комора Никола Додевски поради притисоци и закани морал да се повлече од бранење на челниците на ВМРО ДПМНЕ во постапките што ги покрена СЈО, тврдат за Сведок обвинети, на кои Додевски им беше адвокат.

Според нив, Додевски добил сериозни закани да се повлече од одбраната, а покрај тоа што ќе биде сведок во „Титианик“ против него била отворена истрага во СЈО, а истрага отворила и Финансовата полиција.

Тие ги испитуваат приливите кои ги добивал Додевски од разни јавни претпријатија и институции, за подоцна, да стане адвокат на речиси сите осомничени во постапките пред СЈО.

Но, по подигнување на обвиненијата, Додевски преку ноќ го снема, а до сега немаше коментар зошто се повлече од сите постапки.

Од денеска, Додевски ја напушта и челната позиција во Адвокатската комора.

Адвокатската комора на Mакедонија денеска во Струга на 63-тото Годишно собрание ќе избере нов Управен одбор и нов претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски.

Кандидати за претседател се адвокатите Љубомир Михајловски-Џанго, поранешен министер за внатрешни работи, Александар Тортевски, кој соработуваше со СЈО, Звонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска-Тренчевска.

 

 

Извор
Сведок.мк