дома Социјални Мрежи ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ НА ШВЕДСКИОТ НАВИВАЧ: Се мајтапеше со „орелот“, албанските навивачи...

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ НА ШВЕДСКИОТ НАВИВАЧ: Се мајтапеше со „орелот“, албанските навивачи се спремаат да го убијат!

Швеѓанецот што по мечот меѓу Шведска и Швајцарија на социјалните мрежи се мајтапеше со навивачите на Швајцарија со албанско потекло добил десетици закани, некои од нив и по животот.

Причината е во тоа што тој на навредлив начин ги имитираше фудбалерите Џака и Шаќири кои по победата над Србија прославија со фигури направени со раце кои означуваат орел.

Слична фигура по поразот на Швајцарија од неговата земја направил и Швеѓанецот но притоа тој направил навредлива форма со рацете што од страна на албанските фанови беше протолкувано како национална навреда на албанскиот симбол.

Веднаш по објавувањето на неговата фотографија започнале заканите и навредите кон шведскиот фан на социјалните мрежи.