Законот за лични карти го помина првото читање во собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието попладнево со 62 гласа „за“ го поддржа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски образложи дека законот е предложен со цел да се испочитуваат уставните одредби што се однесуваат на примената на Договорот од Преспа и Законот за јазиците.
-Во овој текст на закон се опфатени двете измени за да можеме практично да ги издаваме новите лични карти со новото уставно име и примена на Законот за јазците, практично на сите заедници кои живеат во Република Македонија кои се наоѓаат во Уставот, рече Спасовски посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи е целосно подготвено за реализација на овој проект.
Тој потсети дека од 1 јули почна издавањето на патни исправи, додека во однос на лични карти граѓаните добиваат термини, се земаат сите податоци, се поднесуваат барања, но производство на личните карти уште не е почнато заради носење на ова законско решение.
-Важно е да се донесе ова законско решение заради интересот на граѓаните. Треба час поскоро да се донесе Законот за лична карта, за да можат граѓанит да ги добијат личните карти, истакна Спасовски.
Тој додаде дека и во овој закон има дефиниран рок на замена на лични документи, како што е направено и во делот на патните исправи. Личните карти, како што рече, ќе важат во рок наведен во важење на личната карта, најдоцна до 12 февруаври 2024 година. Тогаш граѓаните ќе треба да ги заменат личните карти со нови, кои ќе бидат усогласени со Уставот и со важечките законски прописи.
Пратеникот Павле Трајанов, пак, предложи да се размисли со натамошната постапка за законските измени да се овозможи во личната карта покрај другите податоци да се стави и крвната група на имателот на овој документ.
-Се случуваат сообраќајни несреќи и во други кризни состојби исклучително е важно брзо да се интервенира и да се заштити здравјето на граѓаните преку примена крвна плазма, рече Трајанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This