Утрешната седница на Собранието на Р.Македонија на која ќе се расправа за законот за двојазичност, наиде на остра критика кај јавноста поради најавеното присуство на пратеничката група на ВМРО-ДПНЕ
Според експертите и аналитичарите, се очекува на утрешната седница законот да биде изгласан, иако од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да дозволат гласање пред разгледување и расправа по поднесените амандмани.
Професорката Ванковска, која е чест критичар на политиките како на власта, така и на опозицијата на својот ФБ профил напиша дека законот за јазици е придобивка за човековите права, колку и фингираната војна во 2001. година.
„Силеџиското донесување на Законот за јазиците има врска со човековите права колку што конфликтот од 2001 и УЧК имаа врска со човековите права. Од утре и Македонците и Албанците ќе бидат и посиромашни и поотуѓени и понебезбедни… Ќе живеат во држава без респект за устав и закон, ќе ги ранат оние “лезилебовиќи” во институциите, ќе останат со политички авантуристи на кормилото, со лидери кои се неписмени и глупави на многу јазици.“ – напиша Ванковска на својот ФБ профил.