дома Политика ЗАКОНОТ НЕ СМЕЕ ДА ПРОФУНКЦИОНИРА: Закон донесен со тешки удари против демократијата...

ЗАКОНОТ НЕ СМЕЕ ДА ПРОФУНКЦИОНИРА: Закон донесен со тешки удари против демократијата не смее да постои!

Имаме една тешка, антидржавна одлука на парламентарното мнозинство да влезе во авантура која ќе остави големи последици за Македонија како држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Алфа телевизија.

-Во моментов ги анализираме сите чекори кои СДСМ и ДУИ ги преземаа, правиме детална анализа на сите прекршувања на Деловникот, законите и Уставот и по таа детална анализа ќе излеземе со чекори кои веќе ги најавивме на прес-конференција дента кога сето ова се случуваше, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е разочарана, тоа беше тажен ден за демократијата во државата, бидејќи како што рече се вовела нова пракса на однесување на парламентарното мнозинство и терор на парламентарното мнозинство врз парламентарното малцинство.

-Овој закон нема и не смее да профункционира бидејќи е донесен во една недемократска и непроцедурална атмосфера, на насилен начин од страна на парламентарното мнозинство, Зоран Заев и Талат Џафери. ВМРО-ДПМНЕ многу пати во минатото апелираше и нудеше решение како овој закон може да се подобри да стане уставен, а понатаму применлив. И дента претходно три пати најавив и го предвидев ова сценарио кое парламентарното мнозинство имаше намера понатаму да го спроведе. Се создава хаос во државата и логично е како реакција на таа акција на хаос да следи идентична хаотична реакција. ВМРО-ДПМНЕ ги анализира сите чекори и ќе одговори соодветно на овој тип на провокации во иднина, нагласи Мицкоски во вестите на Алфа.