дома Македонија Зeлена лупа: Topтypa нa cтpaнкитe вo cлyчajoт „Tитaник“, 30 лицa 5 чaca...

Зeлена лупа: Topтypa нa cтpaнкитe вo cлyчajoт „Tитaник“, 30 лицa 5 чaca чeкaa пo хoдници вo вpeмe нa пaндeмиja

По петчасовно чекање за одржување рочиште за случајот „Титаник“, вчера судијата Осман Шабани усно ги извести странките во постапката дека судењето ќе биде одложено. Постапката на судијата беше крајно нечовечен и нелегитимен, смета здружението Зелена лупа.

Во овој предмет застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова. Судењето требаше да се одржи во судницата број 1 во новата зграда на Кривичниот суд во Скопје каде во исто време беше закажано и судењето на за предметот „Траекторија”. Во овој предмет обвинет е Миле Јанакиески кој имал решение за изолација, а по наредба од судот за извршување на брз тест врз обвинетиот, кој бил негативен, судењето продолжи во 12,12 часот.

„Сите обвинети од случајот „Титаник“, вклучувајќи ги и спроведените од куќен притвор како и од затворот „Идризово”, нивните бранители како и повеќе сведоци на обвинителството непрекинато чекаа 5 часа пред судницата број 1 очекувајќи дека ќе добијат информација за нивното рочиште кое требаше да почне во 10 часот.

По завршувањето на случајот „Траекторија” во 14:45 на странките во предметот „Титаник” усно им беше соопштено од записничарката дека треба да дојдат денеска во 12 часот.

По ваквото соопштение со оправдана реакција негодуваа сите странки бидејќи истото можеше да се соопшти и временски многу порано без калкулации кое рочиште колку би траело, бидејќи во фаза на испитување на сведоци никој не може да предвиди колку прашања ќе бидат поставени и какви ќе бидат одговорите кои во овој случај беа многу исцрпни.

Бранителите со прашање до записничарката дали рочиштето се одложува без записник таа даде одговор – судијата само ми кажа да дојдам и да ви пренесам на сите дека треба утре да дојдете во 12 часот.

Револтот оправдано беше присутен кај сите странки кои беа преку 30 лица, кои не го напуштија ходникот од судот цели 5 часа во крајно небезбедни услови во време на ковид-19, па најмалку што можеше и требаше да се направи е судијата Шабани да ги прими во судската сала иза нецели 10 минути да ја констатираше на записник причината поради која после 5 часа чекање главната расправа се одложува, а воедно и да се образложи зошто странките беа оставени да чекаат 5 часа во судот кога според мерките и протоколот за работа во време на пандемијата строго е забрането групирање на подолг временски период каде и нема доволно услови за одржување на соодветно растојание.

Од нашиот секојдневен мониторинг можеме да ја информираме јавноста дека во време на ковид-19 ова е прва појава, а се надеваме и последна од ваков вид каде пред се е загрозена безбедноста на сите странки во постапката“, соопшти Зелена лупа, организација чија цел е мониторирање на работењето на индституциите и владеењето на правото.