дома Хроника ЗАЛУТАН КУРШУМ ГО ПОГОДИЛ ВО ГЛАВА: Попладнево инцидент во Тетово – еден...

ЗАЛУТАН КУРШУМ ГО ПОГОДИЛ ВО ГЛАВА: Попладнево инцидент во Тетово – еден повреден од куршум со калибар 7.62!

Еден повреден е епилогот од попладневниот инцидент кој се случил во центарот на Тетово, кога од залутан куршум настрада еден тетовец 

Денес околу 15 часот додека со своето возило цитроен Ц4 со тетовски регистарски таблички се движел по ул. Илинденска во Тетово, во непосредна близина на печатницата, 28 годишниот тетовец З.П. слушнал удар предниот дел од покривот на возилото, а потоа почувствувал и болка во главата – информираат од СВР Тетово за iNFOMAX.mk.

28.годишниот З.П. кој се превезувал заедно со својата 25.годишна сопруга и новороденчето, го запрел возилото и излегол од истото по што утврдил дека крвари. Случаен минувач кој го забележал крвавото лице на З.П. веднаш го пренел во Клиничката болница во Тетово, од каде по кратка интервенција е пуштен на домашно лекување.

Откако го пријавил случајот, по овластување на Јавен обвинител полицијата извршила увид при што е утврдено дека во предниот дел на покривот има отвор направен од заталкан проектил, по што во внатрешноста на возило зад возачкото седиште е пронајден и подигнат за вештачење проектил со калибар 7.62 – информираат од СВР Тетово.

Во моментов полицијата работи на утврдување на потеклото на проектилот.

Во споредба со минатата година, на подрачјето на СВР Тетово се забележани неколку вакви инциденти во кои беше констатирана материјална штета, а најголемиот дел во подрачјето на Гостивар.

Минатата година во Гостивар од залутан куршум животот го загуби 10.годишно дете во населбата Фазанерија.