дома Занимливости ЗАМРЗНАТИОТ СВЕТ: НАСА објави фотографија од планетата Земја направена од орбита

ЗАМРЗНАТИОТ СВЕТ: НАСА објави фотографија од планетата Земја направена од орбита

Американската вселенска агенција НАСА објавила фотографија од орбитата која делува како да е од сцена од „Вoјнa на ѕвездите“.

На неа се гледа полната месечина над “замрзнатиот свет“ – секако дека станува збор за планетата Земја која е прекриена со снежно бели, густи облаци, а фотографијата била направена додека Меѓународната вселенска агенција била над заливот Хадсон на североистокот од Канада.

„Оваа фотографија настанала во околу 13 часот по локално време, покажува малку сончева светлина од северна Канада во текот на зимските денови“ – навеле од НАСА, додавајќи дека заливот Хадсон почнал да замрзнува уште од месец октомври.

Кога еднаш ќе замрзне, заливот станува клучен дом за поларните мечки кои мигрираат и кои поголемиот дел од своето време го поминуваат на мразот додека не почне да се топи во месец јуни.

Како што наведуваат од британски „Express“ во текот на месец декември овој дел од Канада прима помеѓу 6-7 часа сонце.

На орбиталната станица, на висина од 402 километри, моментално живеат и работата шест астронаути.

Станицата се движи со брзина од 27.360 километри на час и прави круг околу Земјата на секои 90 минути, а на секои 24 часа по 16.