дома Европа Замрзна Црното Море кај Бургас

Замрзна Црното Море кај Бургас

По повеќе од половина век, водата во Црното Море кај Бургас, одново замрзна, јави БТА.

Ретката појава може да се набљудува од пристаништето „Сарафово”, како и од тамошната Поморска станица.

Ледената покривка се зголемува, поради екстремно ниските температури, соопштија локалните власти.

Бродот „Анастасија”, кој служи за туристички крстарења лете, сега наликува на ледена скулптура.