дома Храна Запечени макарони со ајвар

Запечени макарони со ајвар

Направете неверојатен деликатес, макарони со ајвар од рерна.

СОСТОЈКИ:

400 гр. макарони

400 гр. мелено месо

1 кромид

3 чешни лук

350 гр. лут ајвар

кашкавал за горе и зачини

ПОДГОТОВКА:
Се варат макароните во солена вода.

Се цедат и се ставаат во тава.

Се пржи сечениот кромид на масло, се става меленото месо со зачини и се меша.

Се става ајварот и ситнет лук и се остава да зоврие па се трга од оган.

Се става сосот врз макароните и се печат на 200 степени, а по 20 минути печење ставете рендан кашкавал и допечете да се растопи.