Започна полицискиот час кој беше прогласен поради немирите во Вашингтон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почна полицискиот час во главниот град на САД. Воведен е откако поддржувачите на Трамп влегоа во Капитол Хил и ја прекинаа седницата на Конгресот на која се расправаше за изборните резултати.

За смирување на ситуацијата употребена е Националната гарда на САД.

Една жена е тешко ранета откако куршум ја погодил во вратот, а дузина полицајци се повредени. Штотуку е објавено дека таа починала од повредата.

Во моментов пред Капитол Хил е мирно, а демонстраните полека се разидуваат откако Трамп ги повика да се смират, а на јавноста и се обрати и Бајден.

Полициски час е прогласен и во два града во државата Вирџинија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This