дома Балкан Започна предизборната кампања за парламентарните и претседателските избори во Бугарија

Започна предизборната кампања за парламентарните и претседателските избори во Бугарија

Во Бугарија почна кампањата за изборите за претседател и потпретседател и за новото Национално собрание, закажани за 14 ноември 2021 година.

Кампањата за избпорите ќе трае до 12 ноември, додека за претседател и потпретседател ќе заврши на 19 ноември 2021 година, во случај да има втор круг од претседателските избори.

За учество на парламентарните избори се пријавени 20 партии и седум коалиции, додека 24 партии, коалиции и иницијативни комисии имаат предложено кандидати за претседател и потпретседател, што е рекордна бројка.

Централна изборна комисија на Бугарија во четврток ќе ги објави во Службен весник регистрираните листи на кандидати, како и имињата на кандидатите за претседател и потпретседател на Бугарија.

ЦИК веќе го одобри техничкиот модел и заштитата на гласачките ливчиња за заедничките избори.