Започна продажбата на билети за летечко такси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Берлинскиот фестивал Гринтех, Волокоптер – пионер на градскиот воздушен превоз, објави дека е почната првата јавна продажба и резервирање летови со електрично воздушно такси во светот. Една карта чини 300 евра и може да се резервира преку интернет.

– Врз основа на нашите јавни пробни летови и записите за регулаторните достигнувања, ние го отворивме патот со кој електричните летови во градовите ќе станат вообичаени за само неколку години. Со почетокот на резервациите, сега ги покануваме нашите обожаватели и иноватори ширум светот да ни се придружат и да бидеме меѓу првите кои ќе ја доживеат оваа нова и возбудлива форма на превоз, рече извршниот директор на Волокоптер, рече извршниот директор на Волокоптер, Флоријан Ројтер.

Германската компанија е прва што одлучи да ја комерцијализира оваа сè уште – експериментална технологија, дури и пред да добие регулаторна дозвола за летање. Картите може да се купат на платформата за резервации на Волокоптер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This