April 20, 2024, 11:31 am

Започна сезоната на зимница: Ова е тајната за приготвување на највкусниот ајвар што постои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зимницата за многумина е незамислива без ајвар, кој може да се приготви во бројни варијанти, но овој рецепт ќе ве воодушеви.

Состојки:
5 кг црвени пиперки
1 кг козјо сирење (постаро)
1 врзоп листови од магдонос
1 помала главица лук
2 дл масло

Приготвување:

Испечете ги пиперките на плотна или рингла, па покријте ги со фолија или со кеса за полесно да ги излупите.

Потоа, исчистете ги од семките и од петелките, па искинете ги по должина како запинџур.

Оставете ги да се цедат прекуноќ.

Исцедените пиперки префрлете ги во тенџере, додајте ситно сечкан лук и масло и добро пропржете.

На крај, додајте ситно сечкан лист од магдонос и издробено козјо сирење.

Врелиот ајвар сипете го во врели тегли, затворете ги и завиткајте ги во ќебе, па оставете ги така да се ладат (обично околу 24 часа).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This