дома Македонија ЗАПОЧНА СО РАБОТА ФАБРИКАТА АТС ГРУП: Производство на композитни производи и производи...

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ФАБРИКАТА АТС ГРУП: Производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата

Вчера започна со работа новата фабрика на компанијата АТС ГРУП, која се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. На означувањето на стартот за почеток на работата беа присутни премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Претседателот на ДУИ Али Ахмети и останати членови на владата и гости.

„Денеска заедно со Претседателот на Владата на Република С Македонија, Зоран Заев и колегите министри присуствувавме на настан на кој се означи започнувањето со работа на новата фабрика на компанијата АТС ГРУП, која се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Нашата земја со извесното членство во НАТО на крајот од годината се препознава како стабилна и сигурна бизнис дестинација“- напиша министерот Спасовски на својот фб профил.