дома Свет ЗАПОЧНА ХИРУШКОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАНЦЕРОТ: Сите амбасадори на САД отпуштени, сеуште не...

ЗАПОЧНА ХИРУШКОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАНЦЕРОТ: Сите амбасадори на САД отпуштени, сеуште не се објавени имињата на новите!

Веднаш откако Доналд Трамп ја даде заклетвата и стана претседател на САД, ги отпушти сите амбасадори, но не ги објави имињата на нивните наследници, пишува весникот „Индипендент“.

Трамп наредил сите амбасадори во американските претставништва во светот уште денес да ги напуштат своите функции. Секако тоа се амбасадори кои се именувани од Барак Обама. Транзицискиот тим уште на 23 декември најави дека нема да има исклучоци, и сите амбасадори на САД морат да ги напуштат своите функции.

Започнаа да се гледаат промени и во другиот дел од политиките кои беа најавени.

Страниците за правата на ЛГБТ заедницата исчезнаа од веб страните на Белата Куќа и од Министерството за труд. Исчезнувањето може да биде сигнал за тоа какви промени планира да направи новата администрација во САД по однос на ЛГБТ заедницата, пишува The Hill.

-Пред само неколку моменти претседателот Трамп се заколна дека ќе им служи на сите Американци, додека истовремено ги избриша се што споменува ЛГБТ заедница. Делот на веб страните за правата на работниците исто така исчезна, изјави претседателот на Кампањата за човекови права, Чед Грифин.


На ден пред инаугурацијата на Трамп, ЛГБТ активисти облечени во златни комбинезони, со многу светки, нацртани со боите на виножитото на своите лица организираа протест пред домот на новиот потпретседател на САД Мајк Пенс.

Пенс е посветен христијанин, кој како гувернер на Индијана потпиша закон за религиски слободи, кој беше критикуван дека содржи дискриминација за ЛГБТ заедницата, пишува The Hil.