дома Македонија Започнува зaтвopaњeтo нa дивитe дeпoнии вo иcтoчниoт и ceвepoиcтoчниoт peгиoн

Започнува зaтвopaњeтo нa дивитe дeпoнии вo иcтoчниoт и ceвepoиcтoчниoт peгиoн

На оваа своја седница Владата, врз основа на информацијата за статусот на реализација на подготвителните активности поврзани со проектот за затворање на нерегуларните депонии и ѓубришта во источниот и североисточниот регион, донесе Одлука за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од источниот и североисточниот регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.

На денешната 88-ма седница, Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз” од Неготино.

Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија” и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестиционен проект.