Започнува проценката на штeтатa во пожaрот во Глобал, оштeтeните поделени во три групи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сопствениците на продавници и тезги во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица се поделени во три групи за проценка на штетите од пожарот-целосно оштетени, делумно и неоштетени и во соработка со ОЈО Струмица и МВР ќе се врши проценката, информираше Илија Митрески, од Здружението „Фер есап“.

Според него, во наредните денови треба да почне проценката.

Во зависност од тоа кој стопанственик како е поделен во соодветната група ќе следува постапка за да ги еведентираат и проценат штетите – рече Митрески.

Додава дека штетите се големи, но не сака да шпелулира со конечната бројка.

Секој правен субјект со попис и сметководствена евиденција ќе си утврди колкава му е штетата и според тоа ќе се води постапка за да им се помогне на оштетените – посочи Илија Митрески од Здружението за заштита на правата и интересите на трговците „Фер Есап”.

Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This