дома КОВИД-19 (Коронавирус) Заразените од Кичево не даваат податоци за контакти со друго регистрирано позитивно...

Заразените од Кичево не даваат податоци за контакти со друго регистрирано позитивно лице

Во Кичево денес има регистрирано 11 позитивни лица од кои 4 на возраст од 41-50 години, 3 на возраст од 51-60 години, 2 на возраст од 21-30 години и по еден во возрасните групи 11-20 и 61-70 години.

Лицата не даваат податок за контакт со друго регистрирано позитивно лице. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 79. Денес се регистрирани 14 оздравени лица, соопштија од Центарот за јавно здравје.