Засилено личното обезбедување на Зоран Заев поради закани по неговиот живот од странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради закани по животот на премиерот од странство, од денес премиерот во оставка Зоран Заев има засилено обезбедување, дознава Инфомакс.

Според информациите на Иннфомакс, заканите по животот на премиерот во оставка дошле од Швајцарија, а сериозноста на истите предизвикале и загриженост кај безбедносните служби по што личното обезбедување на Заев е засилено.

Од МВР не потврдуваат ниту демантираат, наместо тоа објаснуваат дека се работи за класифициран документ.

– Мерките и активностите кои се преземаат за обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ се реализираат исклучиво согласно „План за обезбедување на премиерот“, што претставува класифициран документ, стои во одговорот на МВР за Инфомакс.

Прес-службите на Владата пак, немаат информација за безбедносната состојба во врска со премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This