April 19, 2024, 12:30 am

Застанале откако ги сопрело полиција, совозачот фрлил пакувања со прашкаста материја па се обидел да избега – приведени двајца дилери од Кавадарци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 14.12.2021 во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Околу 18.00 часот на ул.„Младост“ во Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This