дома Хроника Затвореник од Идризово нападнал чувар откако претходно му нашол дрога

Затвореник од Идризово нападнал чувар откако претходно му нашол дрога

28 годишен затвореник нападнал затворски чувар, откако тој претходно му нашол дрога.

-Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(34) од с.Зелениково, скопско, пријавил дека околу 10.10 часот во Казнено-поправната установа Идризово, додека бил на работното место, кај осуденикот А.Д.(28) пронашол прашкаста материја, по што друг осуденик Б.Н.(39), обидувајќи се да му ја одземе, физички го нападнал, велат од полицијата.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.