дома Македонија ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ГЕНЕРАЛ ЈАНКОВИЌ: Возилата со носивост над 3,5 тони да...

ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ГЕНЕРАЛ ЈАНКОВИЌ: Возилата со носивост над 3,5 тони да го користат граничниот премин Глобочица

Патниот правец од Генерал Јанковиќ (Хани и Елези) до Качаник од денеска е затворен за возила со носивост над 3,5 тони, соопшти Царинската управа на Косово.

Поради тоа, од македонското Министерство за транспорт и врски, препорачуваат возилата со носивост на 3,5 тони да го користат граничниот премин Глобочица.

(Миа)