дома Хроника Затвoрен Плетвар, пожарот во прилепско еден од наjkpитичните во земјата

Затвoрен Плетвар, пожарот во прилепско еден од наjkpитичните во земјата

Пожарите во прилепско се една од трите најкритични точки во моментов низ Македонија, соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и неговите соработници. Тие велат дека засега не може да се каже точната бројка на пожарите во земјава, зашто се менува од минута во минута.

Предмалку, огнот се прошири и до патот кај превојот Плетвар, кој во моментот е затворен за сообраќај.

Од ЦУК соопштија дека на терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари.

Сопиште побарало 50 војници за гасење на пожарот, а Куманово 80. Таму за неполн час избувнале седум пожари.