дома Македонија ЗАТУРОВСКА: Ако е толку добра тиранската платформа, нека си ја спроведат во...

ЗАТУРОВСКА: Ако е толку добра тиранската платформа, нека си ја спроведат во Албанија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска денеска од собраниската говорница порача тиранската платформа да се спроведе во Албанија, каде што и беше составена, па да видиме какви резултати ќе даде.

-Доколку не е толку опасна тиранската платформа, како што велат од СДСМ и од албанските партии, ете нека ја спроведат во Албанија, па, според резултатите, ќе видиме дали е таа опасна или не. Со тоа албанските партии би покажале лојалност кон Зоран Заев и ќе докажат дека нема никаква опасност од уривање на унитарноста на државата – рече Затуровска.