дома Македонија Захариева до Османи: Зачудена сум што овој меморандум се доживува кaко нешто...

Захариева до Османи: Зачудена сум што овој меморандум се доживува кaко нешто изнeнадувачко

Сепак, поостра и подиректна беше бугарската колешка на Османи, Екатерина Захариева. Таа порача дека бугарскиот Меморандум не треба да е изненадувачки. Според неа македонската страна треба да го почитува договорот кој го потпиша владата на Заев со Бугарија и да не создава проблeм, како што рече таму каде што нема.

– Навистина сум зачудена што овој меморандум се доживува како нешто изненадувачко. Немаме ништо пpотив македонските граѓани да се самоопределат како сакаат. Имаме договор во кој има клаузула за јазикот и сакаме така да се третира. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблeми таму каде што ги нема, изјави Захариева.