дома Свет Захарова: Москва очекува САД да ја обликуваат дипломатијата кон Русија

Захарова: Москва очекува САД да ја обликуваат дипломатијата кон Русија

Портпаролката на Министерството за надворешни работи потсети дека досега имало само телефонски разговори меѓу претседателите на двете земји и меѓу врвните дипломати.

Москва очекува дека администрацијата на САД предводена од Џозеф Бајден ќе донесе одлука во врска со нејзината политика на руската патека во рок од еден месец, изјави денес, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова потсети дека досега имало само телефонски разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден и меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен.

“Начинот на кој јас го гледам тоа, не само тимот, туку и приодите се уште се во фаза на подготовка. Се уште не се објавени пристапи кон клучните прашања, барем, оние на меѓународната агенда”, вели Захарова.