дома Локално ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИ НА ПОЦ: Дури и директорот излегол на терен да казнува

ЗАЈАКНАТИ КОНТРОЛИ НА ПОЦ: Дури и директорот излегол на терен да казнува

Екипа на ЈП “Паркинзи на општина Центар” зајакната со директорот Васко Кичевски вчера на терен почнаа да вршат зајакнати контроли на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

Оттаму информираат дека е извршена детална контрола во Зона 1 и Зона 01 и беа санкционирани 162 непрописно паркирани возила, а во наредниот период контролите ќе продолжат и на другите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

– Наши екипи секојдневно ќе ги санкционираат сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на паркиралиштата со цел да се реши проблемот со неправилното паркирање и сообраќајниот метеж во општина Центар, информираат од ЈП ПОЦ.