За близок соработник на Заев ветото од Бугарија е последица на гpeшките на Илинденска, власта немала стратегија и знаење за тоа како функционира ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од блиските соработници на премиерот Заев последните години кој беше и пратеник и национален координатор за стратегијата за едно општество и мултикултурализам се согласува дека ветото од Бугарија е последица на грешките на Илинденска.

Според Рубин Земон лидер на партијата “Поен” која е дел од коалицијата на СДСМ владата имала само желба но била без стратегија и знаење за тоа како функционира ЕУ.

Дополнително според еден од луѓето што го советуваа за мултикултурализмот во ЕУ за каде Македонија деновиве доби вето од Бугарија, има процес на дезинтеграција.

“Првите поенти се ок и се согласувам. Потоа мислам дека се промашува поентата, особено околу идентитетските прашања. Како и да е високо го ценам твоето мислење”, пишува Земон во коментар на професорката Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.

Кои се поентите за кои Земон се согласи со Ристеска која предходно ги изложи на ТВ24:

Неколку главни поенти:

Нашата Влада немаше стратегија, само голема желба да се почнат преговори, без анализа на состојбите во ЕУ и во соседните земји
Во ЕУ, имаме процес на дезинтеграција, над 60% од граѓаните на богатите земји на ЕУ се проtив проширување, нивните елити нема да одат спротивно на волјата на нивните граѓани
Македонската дипломатија западна во својата замка дека проблемот со името е единствениот проблем
Трговија со она што не смее да се тргува е преседан кој го очекуваше Бугарија со години и Преспанскиот договор тоа го овозможи. Договорот за добрососедствo е механизам на надворешната политика на Бугарија за остварување на таа цел

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This