March 29, 2024, 11:51 am

За Брза помош нема пари: Владата ќе се поднови со 45 автомобили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната владина седница беше донесена одлука за набавка на нови 45 моторни возила.

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци.

Оваа одлука, како што сооптши Валдата, е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања, се вели во соопштението на Владата.

Во меѓувреме, здравството има сериозен недостиг на амбулантни возила и покрај тоа што Владата во неколку наврати вети дека ќе набави нови и модерни возила за Итна помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This