March 29, 2024, 12:25 am

За влез во Данска и Финска повеќе нема да се доволни ковид сертификатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наскоро ќе биде потребен негативен ковид тест за влез во Данска, без разлика дали лицето е вакцинирано или не, а Финска воведува и построги ограничувања поради пандемијата, јавуваат агенциите.

Данскиот министер за здравство Магнус Хеунике на прес-конференција во Копенхаген изјави дека наскоро ќе биде потребен негативен ковид тест за да се влезе во земјата, без разлика дали човекот е вакциниран, пишува Ројтерс.

Мерката сè уште треба да биде одобрена од Епидемискиот комитет на данскиот парламент пред да стапи на сила.

Хеунике, исто така, предложи да биде потребен ковид сертификат за влез во спортски сали.

Новата варијанта омикрон брзо се шири и веќе стана доминантна во земјава, рече министерот.

Седумдневната инциденца во Данска е највисока во ЕУ.

Затоа, владата повторно воведе голем број ограничувања. Од Божиќ, капацитетот за тестирање ќе се зголеми, а засилувачките дози ќе се даваат на четири и пол месеци по втората доза, наместо на шест месеци.

Финска, исто така, воведе нови ограничувања.

Од Божиќ, пабовите ќе треба да затвораат во 22 часот, а од 28 декември во 18 часот, додека рестораните ќе затворат во 20 часот. Алкохол ќе се служи само до 17 часот.

Баровите и ноќните клубови ќе смеат да пополнат само половина од капацитетот, а рестораните 75 отсто.

Овие и други мерки синоќа ги најави премиерката Сана Марин по долги преговори. Сите мерки ќе бидат на сила до средината на јануари.

Се воведуваат построги мерки и на границите.

Од 28 декември, за влез во Финска ќе биде потребен негативен ковид тест не постар од 48 часа, како и ковид потврда.

Ова се однесува на странските државјани, лица кои не живеат во земјата и во случај на посета за која не постои итна причина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This