дома Социјални Мрежи За да ја имаат Македонија, мора да нема Македонци

За да ја имаат Македонија, мора да нема Македонци

Постоењето на Република Македонија е плод на борбата на македонскиот народ за сопствена држава, вели Илија Димовски, потенцирајќи дека нашата борба секогаш била дефанзивна, никогаш офанзивна.

Соседните држави Бугарија, Србија и Грција за Македонија кажале што имаат со Букурешкиот договор и окупациите врз Македонија.
За да ја имаат Македонија, мора да нема Македонци.
Нашиот идентитет е нашата култура, јазик. За нив сме се бореле со сите кои ги загрозувале.
Ако Бугарија мисли дека се бориме со нив, нека провери сама дали до ден денес ни го загрозува идентитетот.
Никогаш никој не сме нападнале, никогаш никој не сме окупирале, никогаш никој не сме го делеле, никогаш никој не сме го асимилирале, вели Димовски