дома Македонија За еден месец kaзнети 16 илjaди возачи

За еден месец kaзнети 16 илjaди возачи

Полицијата за еден месец казнила над 16.000 возачи во Македонија за разни прекршоци, соопшти МВР.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.