дома Балкан ЗА ЗАДУШНИЦА ОСАМЕН:Никој на гробот на Шабан Шаулиќ

ЗА ЗАДУШНИЦА ОСАМЕН:Никој на гробот на Шабан Шаулиќ

Во согласност со православните обичаи на денешната Задушница, денес, на 2 март 2019, на Новите гробишата во Белград на местото каде што еден до друг се погребани прерано починатиот актер Небојша Глоговац, кој пред нешто повеќе од една година почина од канцер и неодамна трагично загинатиот крал на фолк музиката, Шабан Шаулиќ беше на моменти потресно, на моменти чудно.

На гробот на својот син, прв пристигна таткото на Небојша Глоговац, свештеникот Милован Глоговац.

Таткото на незаборавниот актер кој е погребан во Алејата на заслужни граѓани, отец Милован положи цвеќе и запали свеќа на вечниот дом на неговиот прерано заминат, никогаш непрежален син. Тој беше видно потресен и не можеше да ги задржи солзите додека бдееше над гробот на своето чедо.

Потресната сцена ги погоди сите оние што се најдоа во тој миг на местото, како и почитувачите на делото на починатиот актер, кои сочувствуваа со свештеникот во солзи.

Неодамна трагично загинатиот Шабан Шаулиќ пак, почива веднаш до актерот Небојша Глоговац.

Иако на 22 февруари, на неговиот погреб дојдоа да го испратат за последен пат над пет илјади луѓе, на големата зимска Задушница, семејството Шаулиќ го немаше на гробиштата. Семејството на починатиот пејач, ќерките Илда и Санела, сопругата Гордана и синот Михаило одлучиле да го почитуваат православниот верски обичај, да не се појавуваат на гробиштата за Задушница, бидејќи од денот погребот се’ уште не поминале 40 дена.