„ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ ги повтори барањата: Целосно откажување од Тиранската платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија“ и денеска продолжи со нивните активности. На рекреативен начин со велосипеди го одбележаа денешниот протестен марш , движејќи се од Градскиот Парк до пред Собрание каде што ги повторија нивните барања, а за од утре најавија продолжување на нивните активности.

ilievski-damovski-640x427

-Стотина илјади граѓани во текот на минатата недела масовно излегоа на улиците да ја поддржат нашата иницијатива за Заедничка Македонија и сме им многу благодарни. Tоа е огромна доверба кон она за што ние се бориме, она што го застапувамеm но и обврска да продолжиме уште посилно во наредниот период, по енергично, по одлучно кон остварување на нашите цели. Им се обраќаме на политичките партии да не се обедуваат одредени политички елити кои ја прифатија Тиранската платформа повторно да ја вратат на мала врата, односно да го изманипулираат народот за да си ја остварат својата цел, рече Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива.

Тој нагласи “ние овде сме народот на Република Македонија и имаме право да одлучуваме за тоа каква држава ќе имаме“.

-Навредите кои што ги упатуваат кон нас не прават уште поодлучни, нивните измислени лаги уште посилни да истраеме се до конечно остварување на нашите барања. Откажување од Тиранската платформа и од нејзината содржина и формирање на нова Македонска платформа тука во Скопје. Не за програма на влада која не ја добила поддршката на Парламентарни избори и не за двојазична држава, не за бинационална држава, туку да за мултиетничка Македонија. Од утре, понеделник продолжуваме со редовните активности, веќе втор викенд по ред имаме послободна програма, вметнуваме и елемент на рекреација, се надевам и времето ќе ни се подобри во иднина, наредниот викенд ќе бидеме уште повеќе и уште подобро организирани, меѓутоа сме презадоволни од текот на настаните до сега и од утре продолжуваме помотивирани и поенергични, рече Илиевски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This