дома Спорт ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЦЕЛО СРЦЕ: Дејан Георгиевски освои златен медал, чекор поблиску...

ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЦЕЛО СРЦЕ: Дејан Георгиевски освои златен медал, чекор поблиску до Токио 2020

Златното момче Дејан Георгиевски повторно со златен медал, на Г1 светскиот куп, мулти европското првенство во Софија 2019-та.

Овој силен светски куп, Дејан го освојува две години по ред.

Силен Г1 турнир со над 2000 натпреварувачи од цел свет.

Дејан имаше три боpби и три ефективни победи со доминација.

-прва боpба против гркот Атанасиос Димотракопулус со 30:1

-втора боpба против бразилецот Гуилхерме Цезрио Феликс со 16:10

-трета боpба против русинот Олег Кузнетцов со 17:9

Нови бодови за Токио 2020 нов голем успех за македонското таеквондо, уште еден СВЕТСКИ КУП Г1 Е ОСВОЕН.

И другите македонски претставници имаа добри настапи. Анамарија Георгиевска успеа да победи прво коло против Русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второ коло.

Другите 3агубија прво коло, но сите со одлични боpби и тесен резултат.

„За МАКЕДОНИЈА, СО ЦЕЛО СРЦЕ“, порача нивниот тренер Дарко Костовски кој за овие одлични резултати информираше преку својот Фејсбук профил.