За малку избегната голема катастрофа во Кавадарци поради пожар – ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи информира дека во пожар кој избувнал рано утрово зафатен е магацински простор и дел од погоните на конфекција – поранешен Солитекст, а во непосредна близина се наоѓал и магацин со 90 тони експлозивни материи.

На пожарот интервенирале екипи од Територијалната противпожарна единица Кавадарци со 5 возила и 12 пожарникари, противпожарна екипа од фабриката Фени со 2 вработени и 1 противпожарно возило, 1 вработен од Комунално со 1 цистерна и уште неколкумина вработени од околните погони и фабрики од 03:35 интервенирале на пожарот.

Истиот е ставен под контрола околу 06:00 часот.

-Да се напомене дека непосредно до нив под ист покрив, се наоѓал и магацин со 90 тони експлозивни материи. Во моментов екипите се се уште на терен и работат на ликвидирање на пожарот. Детални информации околу проценката на штета и причините за настанување на пожарот ќе се утврдуваат во текот на денот од надлежните органи, информира ЦУК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This