дома Македонија ЗА ПОМАЛКУ ОД ЧАС И ПОЛОВИНА: Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот...

ЗА ПОМАЛКУ ОД ЧАС И ПОЛОВИНА: Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски

Денеска, 17 март 2020 година, вторник, со почеток во 12:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи лидерска средба, на која ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

На лидерската средба е најавено присуство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.