дома Македонија За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не...

За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската

Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската.

Ова го истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Телма, кој вели дека Денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај треба да го одбележуваат повеќе држави, не само Македонија и Бугарија, туку и сите словенски држави и народи.

-Заедничките чествувања се европски и цивилизациски придобивки, па затоа треба да се прават врз еднаква основа со почитување на различните перцепции и без наметнување на сопствениот наратив врз наративот на другиот и без повреда на достоинството на Македонците со условувње и уцени, рече Коцарев.