дома Занимливости За првпат во јавност: Амал Клуни со близначињата во рацете во Њујорк

За првпат во јавност: Амал Клуни со близначињата во рацете во Њујорк

Амал и Џорџ Клуни досега посветено го зачувуваа приватниот живот подалеку од медиумските камери. Па, токму затоа многумина беа изненадени што славната адвокатка одлучи да се појави со близначињата во рацете пред многуте папараци на влезот на нивниот хотел.

40-годишната правничка и активистка беше фотографирана со едногодишните близнаци Ела и Александар. Облечена во кежуал комбинација со елек со леопардски принт, Амал ги носеше дечињата од хотелот до нивниот автомобил.
Амал и 57-годишниот актер стапија во брак во септември 2014 година, а станаа родители во јуни минатата година.