дома Свет ЗА ПРВ ПАТ ВО АВСТРАЛИЈА: Македонка избрана за градоначалник на општината Вителси...

ЗА ПРВ ПАТ ВО АВСТРАЛИЈА: Македонка избрана за градоначалник на општината Вителси во градот Мелбурн

Емилија Лиза Стерјова е првата Македонка избрана за градоначалник на општината Вителси во градот Мелбурн, Викторија. Покрај тоа, таа е и најмладата жена градоначалник во Мелбурн избрана досега на оваа функција.

Таа претходно беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината.