дома Религија За прв пат во Ватикан именувана жена за потсекретар на Епископскиот синод

За прв пат во Ватикан именувана жена за потсекретар на Епископскиот синод

Со одлука на папата Франциск, Французинката Натали Беквар е именувана за потсекретар на Епископскиот синод, со што таа претствува првата жена во Ватикан која е поставена на функција со право на глас, пишува „Гардијан“.

Беквар е една од двете нови потсекретарки именувани во синодот, тело што се занимава со главните прашања на доктрината на Римокатоличката црква и во кое таа е советник од 2019 година.

-Назначувањето на Беквар ја покажува желбата на понтифот за поголемо учество на жените во процесот на анализирање и донесување одлуки во црквата, изјави генералниот секретар на Синодот, кардиналот Марио Грец.

Во работата на синодот учествуваат бископи и кардинали кои имаат право на глас, како и експерти кои не можат да гласаат.