дома Европа За прв пат во историјата на Ватикан папата постави жена на две...

За прв пат во историјата на Ватикан папата постави жена на две високи функции

Папата Франциск ја именуваше сестра Алесандра Смерили за привремена секретарка на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој и како делегат на Комисијата за Ковид-19 во Ватикан, соопшти денеска Светата столица.

Ова е првпат жена да биде назначена за секретар на дикастерија, пишува порталот за вести Ватикан њуз.

Таа доаѓа на местото на монсињор Бруно Мари Даф и отец Аугусто Зампини, кои се вратија во своите епархии.

Смерили служеше како потсекретар во дикастеријата од март 2021 година.

– Благодарна сум на Светиот Отец за тешката задача што ме повика да ја преземам и се молам Господ да ми помогне да го исполнам овој повик во духот на послушност кон Црквата, со смирение, страст, креативност и способност да слушам што се бара, рече Смерили.