дома Свет ЗА ПРВ ПАТ ВО САД: Отворен првиот ресторан со kaнaбиc на менито

ЗА ПРВ ПАТ ВО САД: Отворен првиот ресторан со kaнaбиc на менито

Во Калифорнија се отвора првиот ресторан во САД со kaнaбиc на менито, во редовна понуда. Но, за да ручате во овој угостителски објект, мора да имате над 21 година.

„Лоуел кафе“, кое се наоѓа во западен Холивуд, потврди за „Фокс њуз“ дека во својата понуда ќе вклучат мapиxуана, и тоа во разни облици. Гостите ќе можат да бираат кој вид kaнaбис го сакаат и на кој начин да биде послужен.

Како што се наведува на интернет-страницата на ресторанот, тие ќе имаат „цветно мени” пред себе, кое секој ден ќе биде различно, „во зависност од сезонските жетви на нашите земјоделци и земјопоседници”.