дома Политика ЗА РАБОТА ИМА ВРЕМЕ: Екипата на Заев уште не може да се...

ЗА РАБОТА ИМА ВРЕМЕ: Екипата на Заев уште не може да се прибере од восхит кон изгледот на новата влада!

По 11 години константен пораз, СДС иако губитник на изборите но со помош на странскиот фактор, прегазувајќи ги Уставот, законите и сите принципи на легитимноста успеаа некако да се протнат и да влезат во новата Влада како „реформски“ владин состав

Но, најавите дека новата Влада ќе биде реформска, ќе работи по цел ден, се додека не ја „извадела земјата на вистинскиот пат“ по се изгледа ќе останат само тоа. Најави.

Веќе два дена, екипата на СДС 24/7 наместо да работи, членовите на „тимот на Заев“ се фотографираат, прават списоци за тоа кој каков автомобил ќе добие, по канцелариите се влечат вреќи со скапи парфеми и се делат на вработените, меѓу кои и една припадничка на понежниот пол за која се шпекулира дека му била љубовница на братот на Зоран, Вице Заев. Најверојатно таа ќе го добие најубавиот автомобил и најскапиот парфем.

Како што може да се види на фотографиите, „екипата на Заев“ се состои од членот на обезбедувањето кој тепаше млади девојки во дискоека во Струмица, уште една помлада госпоѓа за која се зборува дека се познава со Вице и човек кој составува списоци за тоа кој каков автомобил ќе добие. На ова тие добиваат коментари и воодушевувачки реакции.

За елитизмот на СДС зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој напомена дека наспроти најавите на Заев дека ќе почнат веднаш со работа, вчера по влегувањето во владата останале неколку часа, се фотографирале и потоа заминале на продолжен викенд.

Реформски, нема што.