дома Хроника За само еден ден регистрирани дури 179 сообраќајни пpekршоци во Скопје

За само еден ден регистрирани дури 179 сообраќајни пpekршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно престигнување и обиколување, пет за користење мобилен телефон, 38 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.